Талат Џафери доби доверба да си остане собраниски спикер
Не помина интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесена од Собранието. Доцна вечерва пратениците гласаа и со 61 глас „против“, а 43 „за“ интерпелацијата беше одбиена. Талат Џафери, ја доби довербата од мнозинството пратеници за да продолжи да ја врши функцијата.
Интерпелацијата ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ на крајот на минатиот месец. Пратениците од опозициската партија сметаат дека Талат Џафери треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Го обвинуваат дека континуирано го прекршува Деловникот на Собранието и дека со тоа сторил огромна повреда на законодавниот дом.
Последен говорник беше претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој ретко е во Собранието и ретко се јавува за збор. Ја искористи приликата да го поддржи својот сопратиец Џафери, но и да повика на заедничка работа и храбрости во актуелната ситуација со Бугарија.