Актуелно

Уставен со важна одлука за жителите на Ѓорче Петров

Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.

„Оваа Одлука е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето. Уставниот суд оцени дека со оваа одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот“, велат од Уставен суд.

На почеток