Затворот „Идризово“ се огласи за претепувањето на Боки 13, новиот директор само што дојде започна со нетранспаретност
Ниту за здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, ниту дали е претепан во затворот во Идризово, не открива новиот директор и Управата. „Скопје1“ испрати прашања, но наместо одговори доби само насоки. Иако безбедносната проценка ја прави самиот затвор, а праксата е самиот затвор да дава одговори на новинарски прашања, овојпат не е така. Останува не одговорено дали и од кого е претепан Боки 13.
На прашањата каква е здравствената состојба на Боки 13, дали бил нападнат, но и дали е правилно проценета безбедносната состојба, дали е заштитен и во какво одделение се чува, од затворот испратија одговор во кој не одговараат ништо: „За бараните информации обратете се до Управата за извршување на санкции“.
Ваквата нетранспарентност на затворот доаѓа откако пред помалку од две недели со него почна да раководи нов директор, Шпенд Тахири. Тој е кадар на Алтернатива. Веднаш по неоговото доаѓање започнаа и ваквите потреси со тепачки, со оглед дека Боки 13 помина пет години во затворот, а освен поплаки за здравјето кое му е сериозно влошено, немаше загрозена безбедност. Засега непознато е ниту како се чува Боки 13, дали е одделен од другите, како што беше безбедносната проценка до сега.
„Скопје1“ ги препрати прашањата до Управата, по насока на затворот „Идризово“. Но одговори, досега, нема.