Протест пред канцеларијата на Кристијан Шмит во Сараево, се бара оставка
Неколку илјади граѓани, меѓу кои и политички лидери од ФБиХ, синоќа се собраа пред Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) Кристијан Шмит во Сараево.
На протест против наметнувањето одлука за измена на Изборниот закон и Уставот на ФБиХ.
Насобраните го повикаа Шмит да им се обрати, а потоа побараа и негова оставка. Тие порачаа дека протестите ќе продолжат и денеска, но без политичари.
Меѓу присутните беа претседателот на СДА Бакир Изетбеговиќ, членот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, претседателот на СДП Нермин Никшиќ, СББ Фахрудин Радончиќ и други, пренесува Klix.ba.
На собирот се обрати претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ кој рече дека дошол да го каже својот став.
Нека се слушне гласот на Босна и Херцеговина, го повикувам високиот претставник во овој момент да не го менува Уставот и Изборниот закон“, рече Џаферовиќ.
На терен беа присутни голем број полицајци кои со жичени огради го обезбедуваа пристапот до зградата на ОХР.
Според проценките, на протестот присуствувале повеќе од 7.000 граѓани, соопштија од МУП на кантонот Сараево.
Иако беше најавено дека протестот ќе заврши во 21 часот, пред зградата на ОХР се уште беа присутни голем број граѓани, а полицијата ги повика да се разотидат. Некои граѓани рекоа дека таму ќе останат цела ноќ.