Свет

Прекинува потрагата по Мартин: Да почекаме морето да ја заврши работата и да ни го врати

Грчката организација „ОФКАТ“ објави дека по 20 дена неуспешна потрага по Марин Јовановски случајот оди на „друго ниво“. Во објава на социјалните мрежи од организацијата потенцираат дека напорите за лоцирање на Мартин не вродиле плод. Велат дека и тие и државните институции направиле се, ги искористиле сите ресурси, ги „измешале“ морето, земјата и небото но не успеале во мисијата.

„Денес се одбележуваат 20 дена без Мартин. !!! Напорите да го лоцираме цело ова време за жал беа бесплодни иако ги „измешавме“ морето, копното и небото, а беше обезбедена помош и од сите државни субјекти!!!!

Мартин не му „припаѓа“ на морето. Мартин припаѓа на земја и таму треба да се „врати“ во одреден момент. Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши „работата“ со надеж дека во некој момент ќе ни го врати.

Се согласуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се “затвара”.!!! Впрочем, дадовме ветување на мајка му Лидија и на братот на Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин!! Истрагите сега продолжуваат на “друго” ниво“ – се вели во објавата на ОФКАТ.

На почеток