Јоци ја „расшљака“ Тамара: Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше
Тамара Тодевска, вчеравечер во Крушево на владината приватна манифестација ја пееше „Тајно моја“ од Тоше Проески. За прославата, Јорданка Ивановска-Јоци во својство на политиколог вели дека е настан каде каде власта се опкружи со многу полиција и партиски бодигарди.
За неа, пеењето на „Тајно моја“ од страна на Тамара е најбесрамно.
„Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше! Но, тој никогаш не го направи тоа, затоа што сметаше дека ,,тоа се проколнати пари”. Да не зборувам како никогаш не би ја поддржал оваа влада која потпиша договор со Бугарија, на наша штета и уште еднаш стрелаше и ги уби нашите претци кои загинаа за слобода.
Мршупичкуматер! П.С: И, те молам поштедете ме овојпат од плачки, патетики и јавување на некои твои другарки, да мољакаат за тебе“, вели Јоци.