Актуелно

(ВИДЕО) Локализиран пожарот на Хвар

Пожарот што избувна во неделата околу 13 часот на островот Хвар, меѓу градовите Дола и Врбања, е локализиран.

На терен излегле пожарникари од ДВД Јелса, Стари Град и Хвар.

Ова утрово го потврди командирот на ДВД Хвар, Никола Шкаре и додаде дека состојбата на пожарот е добра. Сите пожарникари на островот, околу 40 лица и десет возила, се на терен, а на помош им дошле уште 20 пожарникари од копното. Канадерите повеќе не се потребни.

Хрватскиот противпожарен сојуз соопшти дека пожарот е локализиран во 7 часот, на терен има смена на пожарникари, а на помош пристигнале пожарникари од копното со две возила од Сплитско-далматинската жупанија.

Изгореа десет хектари густа борова шума, а во еден момент се загрозени и куќи. Локален жител загина обидувајќи се да ја спаси машината од пожарот.

На почеток