Украина го прекина снабдувањето со руска нафта за Европа


Украина го прекина снабдувањето со руска нафта за Европа, објави RT.
Имено, Украина го запре транзитот на руска нафта кон Унгарија и Чешка преку нафтоводот Дружба, јавуваат руските медиуми.
Украинската државна компанија „Укртранснафта“ престана да испумпува руска сурова нафта во јужниот крак на гасоводот Дружба, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на руски „Транснефт“.
Како што е наведено, во прекин е транзитот на нафта кон Унгарија, Чешка и Словачка.
Транзитот на нафта по северниот крак на „Дружба“ преку Белорусија во правец кон Германија и Полска се одвива нормално, потврди Игор Демин, претседател на Транснефт.
Демин објасни дека Русија не може да плати за транзит поради санкциите на ЕУ, додека украинската компанија инсистира 100 отсто од исплатата да биде однапред направена за услугите за транспорт на нафта.
„Кога плаќаме пари за транзит низ територијата на Украина, тие средства се враќаат на сметката на Транснефт“, рече тој, додавајќи, „Газпромбанка, преку која одат плаќањата, не информираше дека уплатата е вратена во согласност со регулативите на ЕУ, дека е седмиот пакет санкции“.
„Транснефт“ истакнува дека работи на алтернативни опции за плаќање на услугата за транзит на нафта преку Украина, пренесува RT.
Нафтоводот „Дружба“ е еден од најдолгите во светот и носи сурова нафта над 4.000 километри од источниот дел на европскиот дел на Русија до рафинериите во Чешка, Германија, Унгарија, Полска и Словачка.
