Свет

Анархистите Рубикон ја обоија Американската амбасада во Атина – притворени осум лица

Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина.

Според полицијата десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност презела анархистичката група Рубикон.

Според нив пак, инцидентот го направиле поради „американскиот империјализам“ и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија.

Анархистите Рубикон слични инциденти организираа и претходно.

фото: 1тв

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток