Свет

Чудо за Божик: Од кома се разбуди бебето кое 35 часа беше под рушевини на -17 степени

Малиот Вања Фокин, десетмесечното бебенце кое во рушевините на зграда во Русија беше затрупано, околу 35 часа, се разбуди од кома и тоа на Божик.
Руската министерка за здравје исјави дека Вања е добро. Бебето ги отворило очињата и прозборело што значи дека за среќа нема компликации.

Малиот Вања преживеа експлозија на зграда и беше затрупан на -17 степени.

Инаку несрќата се случи поради експлозија на гас, се руши зграда во Русија. Според податоците од Министерството за вонредни ситуации на Русија уништени се 26 станови во кои живееле 46 лица. Спасувачите предупредуваат дека се уште постои опасност од рушење и на други делови од зградата.

Снимкава покажува како Вања беше извлечен од под рушевините.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток