Македонија

Арафат Муареми поднесе оставка: Сам се повлекувам, за јавноста да нема сомнеж дека вршам притисоци

Оставка од директорската позиција во Управата за финансиска полиција поднесе Арафат Муареми. Тој за јавноста посочува дека ова е чекор по слободна волја, а за да нема сомнеж дека тој врши влијанија во постапката која се води против него од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја се повлекувам од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција.

Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви“, вели Арафат Муареми.

На почеток