Магазин

Фејсбук се огласи по вчерашните проблеми

Фејсбук се огласи по вчерашните проблеми кои се појавија на оваа социјална мрежа и објасни што се случило.

Според претставник на компанијата: „Претходно денес, промените во конфигурацијата предизвикаа некои корисници да доживеат проблеми со нивниот Facebook Feed. Го решивме проблемот што е можно поскоро за сите засегнати и се извинуваме за непријатностите“.

Да потсетиме, Facebook вчера имаше проблем кога голем број корисници ширум светот пријавија дека во нивните фидови гледаат необични објави на познати личности.

Проблемот беше пријавен на веб-страницата Down Detector, а голем број корисници го споделија своето незадоволство на Twitter и други мрежи.

На почеток