Паштета се повлекува од пазарот во Хрватска поради бактерии
Паштета од црн дроб S Budget 100g со рок на траење од 4 јули 2027 година, произведена од прехранбената индустрија AS Commerce од Вишњевац, се повлекува од пазарот во Хрватска.
Паштетата се повлекува од пазарот поради зголемено количество аеробни мезофилни бактерии, информира хрватскиот државен инспекторат.
Производот што Шпар го пласира на хрватскиот пазар не е во согласност со уредбата за воспоставување на општите принципи и услови од Законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храната и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната, пренесува Индекс.
Шпар ги замолува клиентите кои го купиле тој производ да не го користат и да го вратат во најблиската продавница на Шпар или Интершпар каде ќе им бидат вратени парите без да приложат сметка, пишува порталот.