Свет

Зеленски се огласи по ракетните удари: Не ги напуштајте засолништата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати апел до граѓаните да не ги напуштаат прифатните центри.

„Воздушната опасност не престанува низ цела Украина. Има ракетни удари. За жал, има мртви и повредени. Ве молам: не ги напуштајте засолништата“, рече Зеленски на Телеграм, пренесува Интерфакс Украина.

Тој оцени дека Русија се обидува да ја уништи Украина и да ја избрише од лицето на земјата.

„Веќе 229 дена се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земјата. Да ги уништат нашите луѓе кои спијат во куќите во Запорожје. Да убијат луѓе кои одат на работа во Днепар и Киев“, напиша Зеленски на Телеграм.

На почеток