Иран: Не сме испратиле и нема да испратиме оружје за војната во Украина
Иран ги отфрли обвинувањата дека испратил оружје во Русија „за употреба во војната во Украина“, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.
Во последните недели Киев и голем број западни земји ја обвинија Москва дека користи таканаречени камикази беспилотни летала од иранско производство. На оваа тема во понеделник ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург.
Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолајан, во денешната изјава истакна дека „Исламската Република Иран не испратила и нема да испрати никакво оружје што би се користело во војната во Украина“.
„Ние не сметавме и не сметаме дека војната е вистинскиот начин, и во Украина и во Авганистан, Сирија и Јемен“, додаде тој.
Во вчерашниот телефонски разговор со шефот на европската дипломатија Хозе Борел, Амир-Абдолахјан повтори дека Иран е неутрален во однос на војната во Украина, која започна пред речиси осум месеци.