Коментари

Дали ОЈО за организирн криминал е рекет структура до која сака да се дофати секоја партија на власт?, прашува стручната јавност

Професорката Мирјана Најчевска постави дилеми за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ова доаѓа откако Амбасадата на САД изрази остри критики за изборот на шефот Ислам Абази.

„Дали ОЈО за организирн криминал е рекет структура до која сака да се дофати секоја партија на власт?
Нова структура за заштита на криминалот на партискиот естаблишмент и за прогон на партиските неистомисленици?“, пишува Најчевска.

Оправдана е реакцијата на Американската амбасада во земјава за како што велат, збунувачкиот избор на обвинителот Абази.

Во коалицијата „Сите за правично судење“, сметаат дека е очекувано да има забелешки од меѓународната заедница, бидејќи таа во изминатата деценија потрошила милионски суми пари за подобрување на состојбите во правосудниот систем во државата.

На почеток