Курти му одговори на Вучиќ: На агресијата ќе одговориме со сета сила
Косовскиот премиер Албин Курти вечерва изјави дека Косово не сака конфликт, но дека на агресијата ќе одговори со сета сила што ја има.
Вака тој реагираше на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе побара од КФОР да распореди свои воени и полициски сили на Косово и додаде дека секое неосудување на „оркестрираното насилство“ од ЕУ и САД ќе го охрабри официјален Белград да дополнително поттикнуваат дестабилизација.
Според него, Србија веќе неколку дена „му се заканува на Косово со агресија“ и повикува на враќање на српската војска на Косово, повикувајќи се на резолуцијата 1244 на ОН.
– Сакаат двојно враќање во минатото. Првиот, враќање на времето на Милошевиќ и војната. Второ, прашањето за Косово да се врати во ОН и што подалеку од ЕУ. Косово е европска, демократска и проамериканска земја. Со раководството што го има Србија е автократска, проазиска и милитантна. Не сакаме конфликти, сакаме мир и напредок, но на агресијата ќе одговориме со сета сила што ја имаме. Сега кога ниту регистарските таблички на возилата, ниту датумот на изборите не можат да се користат како изговор, откриени се илегалните структури на Србија претворени во криминални банди – напиша Курти на Фејсбук.