Распоредени тенкови и оклопни возила: Почна гранатирањето
Во изминатите 24 часа, руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон, објави украинската армија на Телеграм.
Украинскиот воен аналитичар Олех Жданов вели дека борбите се интензивирани, при што Русија распоредила повеќе тенкови и оклопни возила на линијата на фронтот.
Најтешките борби се уште се водат околу источниот град Бахмут, кој Русија се обидува да го освои со месеци, како и на север во градовите Сватов и Кремин, каде Украина се обидува да ги пробие руските одбранбени линии.
Да потсетиме, денеска е 208-ми ден од конфликтот во Украина, а нападите продолжуваат на двете страни. Претходно медиумите објавија дека Украина подготвува напад на Донбас.