Брнабиќ објави вознемирувачко видео од ранетото момче
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ објави вознемирувачка снимка од ранетото момче од Србија Стефан Стојановиќ (11), кое денеска беше рането во близина на Штрпце.
– Ова е Стефан. Тој има 11 години. Тој беше застрелан денеска, на Бадник, само затоа што е Србин. Покрај него, бил застрелан уште еден млад Србин, Милош, кој има 21 година. Секој треба да одвои две минути за да го погледне ова видео. Оваа слика е вистинското лице на ситуацијата во Косово – напиша Брнабиќ на својот Твитер профил.
Да потсетиме, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска околу 15 часот во Готовуша кај Штрпце на Косово кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.
Во моментот на нападот децата оделе покрај патот кога напаѓачот отворил оган врз нив. Едното момче било застрелано во раката, другото во рамото, но нивните животи не се во опасност.
This is Stefan. He is 11 years old. He has been shot at today, on the Orthodox Christmas Eve, just because he is Serbian. Along with him, another young Serb, Miloš, who's 21, has been shot at. Everyone should spare 2 min to look at the video. This image is a true face of Kosovo*. pic.twitter.com/8pKpUSNt8D
— Ana Brnabic (@anabrnabic) January 6, 2023