Свет

Продолжува потрагата по Ана Волш, сопругот и се заканувал дека ќе ја убие

Ана Волш, мајка на три деца, која исчезна на 1 јануари, еднаш пријавила во полиција дека сопругот и се заканил дека ќе ја убие, пренесуваат медиумите.

„Исчезнатата мајка од Кохасет, Ана Волш, и кажа на полицијата во Вашингтон дека Брајан Волш се заканувал дека ќе ја убие неа и нејзините пријатели“, напиша на Твитер новинарот на Бостон25, Боб Вард, кој го следи случајот.

Вард тврди дека полицискиот извештај што го добил исклучиво открил длабоки проблеми кои постоеле уште пред да се свршат Ана и Брајан.

Според тој јавен извештај за инцидент, Ана Книп (нејзиното презиме од првиот брак) и рекла на полицијата дека Брајан Волш и се заканувал дека ќе ги убие неа и нејзините пријатели преку телефон.

“Ана никогаш не соработувала со полицијата. Брајан Волш никогаш не бил обвинет и случајот бил затворен”, рекол Вард.

Нешто повеќе од една година откако Ана пријавила во полиција дека Брајан и се заканил дека ќе ја убие на социјалните мрежи, ја објавила нивната свршувачка.

И четири месеци подоцна се венчаа.

Брајан беше уапсен и е во затвор затоа што ги довел инспекторите во заблуда за тоа каде се наоѓа во тие два дена, предизвикувајќи губење време во потрагата по Ана, која тој не ја пријавил за исчезната до 4-ти јануари.

Тој е задржан со кауција од 500.000 долари и се изјасни за невин по обвинението за попречување на полициската истрага.

Тој веќе беше во домашен притвор и ја чекаше пресудата за продажба на две лажни слики на Енди Ворхол на eBay за 80.000 долари.

Во вторникот, полицијата откри потенцијални докази, вклучително и секири, крвав тепих и средства за чистење додека пребаруваше ѓубре во Пибоди, кој се наоѓа северно од Бостон и малку повеќе од еден час од домот на парот.

Децата на брачниот пар Волш, три сина на возраст од 2 до 6 години, се под старателство на Одделот за деца и семејства. Ана Волш, да потсетиме, последен пат беше видена на 1 јануари околу 04:00 часот кога требаше да замине на аеродромот „Логан“ во Бостон, од каде планираше да фати лет за Вашингтон, каде работи во агенција за недвижен имот.

Ана, сепак, не стигнала ниту до летот, а началникот на локалната полиција рекол дека немаат ни потврда дека влегла во возилото со кое требало да оди до аеродромот.

На почеток