Свет

Златото поскапе за над 19%

Од 3 ноември до денеска цената на златото поскапе за над 19%.

Додека трговците со злато знаат дека сегашната нестабилност на пазарот е предност за цената на златото, сезонската побарувачка за злато исто така поддржува повисоки цени. Двата главни настани за трговците со злато се кинеската Нова година, која започнува на 22 јануари и индиската свадбена сезона, која започнува во декември, но трае до февруари.

Кина е најголемиот потрошувач на злато во светот, а кинеската Нова година традиционално е време кога многу луѓе купуваат злато, а побарувачката за злато тогаш е најголема. Индија е вториот најголем потрошувач на злато во светот и нејзината свадбена сезона, вклучувајќи го и фестивалот Дивали, забележува огромен пораст на побарувачката за злато, особено за накит.

Друг фактор кој ја поддржува цената на златото во моментов е доларот, кој постојано паѓа откако го достигна својот врв во септември минатата година. Повеќето аналитичари очекуваат доларот да продолжи да паѓа оваа година.

На почеток