Македонија

Џафери: Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска

На пресс конференција претседателот на македонското собрание Талат Џафери информираше за последните активности на Собранието. Тој појасна зошто во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања ги потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.

Џафери нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и токму поради тоа тој смета дека прекршил нешто.

„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна”, изјави Џафери.

„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска”, рече Џафери.

Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток