Потона „Књаз Липовац 2“, еден од најатрактивните патнички бродови во Бока Которска
Еден од најатрактивните патнички и туристички бродови во Бока Которска, „Књаз Липовац 2“ со капацитет од околу 200 патници, потона во саботата вечерта во Кртоли.
Помошникот на директорот на Управата за поморска безбедност и управување со бродови (УПСУЛ) Жарко Лукшиќ изјави дека нема загадување на морето со нафта и гориво од моторите на бродовите.
„Во Кртоле потона дрвен брод, треба да се ангажираат нуркачи да го испитаат дното. Бродот потона до дното. Нема опасност од загадување. Нема нафта во бродот. Чекаме да престане ветрот и безбедно ќе се издигне на површина“, рече Лукшиќ.
Во моментот кога водата почнала да го полни бродот, никој од екипажот не бил на него.
Според Лукшиќ, Капетанијата на пристаништата во Котор ќе му нареди на сопственикот да го отстрани бродот.
„Апелот до сопствениците на пловните објекти е дополнително да ги зајакнат и обезбедат своите пристаништа. Поголема грижа за пловните објекти имајќи предвид дека е најавена брзината на ветерот од над 70 јазли. Особено за пловните објекти кои се наоѓаат на критичните пристаништа и позиции“, рече Лукшиќ.
Дрвениот брод „Књаз Липовац 2“ е туристички брод, но самата конструкција на бродот е атракција во Бока Которска изминативе неколку години, бидејќи со овој брод се организираат целодневни крстарења во Которскит залив. Бродот е „помладиот близнак“ на патничкиот брод „Књаз Липовац“. Двата дрвени патнички брода се произведени во Турција.