Рама: Зошто Белград и Приштина, а не Србија и Косово?
Премиерот на Албанија Еди Рама реагираше на изјавата на заменик портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации во врска со постигнувањето на договорот меѓу Косово и Србија во Охрид.
На Рама му пречело што во изјавата се споменува терминот „Белград и Приштина“, а не „Србија и Косово“.
'Belgrade and Pristina'?! A serious mistake or a lapse? The official name of it is 'The Agreement on the Path to Normalization between Kosovo and Serbia', and it would be unacceptable if the SG did not use this proper name deliberately. Please provide clarification promptly. pic.twitter.com/n48UMyklS1
— Edi Rama (@ediramaal) March 21, 2023
„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или пропуст? Официјалното име му е Договор за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија и би било неприфатливо доколку генералниот секретар на ОН намерно не го користи ова вистинско име. Ве молам разјаснете што е можно поскоро“, напиша Рама на Твитер.
Заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, претходно изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу страните за спроведување на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.