Коментари

Овој Селим не ферма ни деловник, ни дневен ред, ни закон, изврши насилие поддржан од сите претставници на ДУИ, вели Маневски

Не стивнуваат реакциите по смената на Весна Дамева од претседателка на Судски совет, настан кој се случи откако нејзиниот заменик иницирал нејзина смена надвор од дневниот ред на денешната седница.

Жестоко реагираше и Михајло Маневски, поранешен министер за правда и прв претседател на Антикоруциска комисија.

„Хорор и срамотилак во „највисокиот“ орган на судската власт.

Селим Адеми заменик претседател на Советот, изврши пуч и ја презеде власта во Судскиот совет со сила.

Овој Селим не ферма ни деловник, ни дневен ред ни закон. Почитува само насилие, кое го изврши поддржан од сите претставници на ДУИ во Советот?

Значи може и вака, со насилие?

Браво.

Сега довербата во судството е рамна на нула.

Аферим…….“, пишува Маневски на својот фејсбук профил.

На почеток