Македонија

Жените во затворот „Идризово“ ќе ги имаат правата како мажите

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Од Министерството за правда посочуваат дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите. Измените доаѓаат откако ексминистерката Гордана Јанкулоска поднесе претставка до Комисијата за антидискриминација, а тие утврдија дека таа и другите жени се дискриминирани со одредбите од Правилникот.

„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ ‘Идризово’. Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, велат од Министерство за правда.

На почеток