Некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите, изјави премиерот, Зоран Заев, во вчерашното гостување на телевизија Алсат М, а во врска со Законот за употреба на јазиците.
Во врска со тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ бидејќи вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека според него законот не треба да оди во Веницијанска комисија, Заев рече:
-Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена – изјави премиерот.