Коментари

Ковачки до Пендаровски и Петровска: Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.

Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната установа.

Центарот за управување со кризи, објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.

Во врска со ова на социјалните мрежи реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„6 (шест) дена молк од надлежните Стево Пендаровски и Славјанка Петровска:
1. Дали е точно дека на подрачје на Гази Баба Владата прогласила кризна состојба за да единици на АРМ обезбедуваат затвори?
2. Зошто?
3. Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?
4. Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници?
5. Кои правила на употреба на сила ги имаат војниците?
6. Кој ќе одговара ако дојде до употреба на сила?
7. Има ли некој да му каже на Пендаровски дека лично тој направил преседан кој утре многу лесно може да биде злоупотребен?
8. Што правиме ако утре – хипотетички на Владата или на некоја идна Влада им падне на памет да прогласат кризна состојба на подрачје на општина Центар и Пендаровски да нареди употреба на војска пред Собрание?
9. Имаат ли Пендаровски и Петровска советници кои се скапо платени и зошто се платени кога не се во состојба да им посочат дека ја понижуваат војската и дека е спорна Уставната и законската употреба на војска за чување на затвореници?
Зошто молчи Спасовски – која е улогата на МВР, свесно ли е исклучено од обезбедувањето на затворите однадвор па таа улога и е дадена на АРМ, или и таму се’ се распаѓа и немаат капацитет?
#РаспадСистем
#Промени“, стои во објавата.

На почеток