(ВИДЕО) Страшното невреме направи поплави во Охрид, поплавени се и подруми
Невремето во Охрид остави последици во градот. Дел од улиците се поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.
Водата од улиците, се излева и по тротоарите. Има и паднати дрвја. Додека траеше невремето, градот беше парализиран.
„Инаку водата од поројниот дожд во Охрид се слеала најмногу на булеварот ,,АСНОМ”, од каде што е можно да се прелева во околните дворови, приземја и подруми на куќи“, вели ЦУК.
Силното невреме ги зафати Охрид, Струга, Дебрца и Кичево. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион.
Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
Невреме се очекува и во Скопје.