Партијата ВМРО-ДПМНЕ силно навлегува во процес за избор на кандидат за градоначалник на претстојните вонредни избори кои ќе се одржат во април.
Иако анкетите се во тек, а најголемата опозициска партија има голем број на имиња кои се спомнуваат како можни кандидати, се уште не е прецизирано едно лице кое ќе ја поведе партијата на изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ е во длабока опозиција на сите нивоа во државата.
Како и пред секои избори во сите партии работат повеќе лоби групи, интересни групи, центри на моќ, но и т.н. партиски „кујни“ кои сервираат се и сешто како меѓу членството, така и пред раководната структура. Во ова предизборие опозицијата доколку направи грешка скапо ќе ја плати и ќе се доведе во ситуација да испушти голема шанса да ја раздрма власта на СДСМ по вертикала од Охрид до Скопје.
Во следниот период дефинитивно партијата ќе го одреди името со кое ќе трча на изборите, а до сега се спомуваат повеќе имиња, меѓу кои како најсериозни се сметаат неколку познати доктори од градот и адвокатот Мишел Наумоски.
И додека во јавноста од партиските кујни се пуштаат имиња од разни лица кои некои центри сакаат да ги кандидираат, единствен човек од големата партија ВМРО-ДПМНЕ кој јавно, јасно и недвосмислено кажа дека сака да се кандидира за градоначалник е познатиот охридски адвокат.
Тој во интервју за „Скопје 1“ недвосмислено потврди дека сака да е кандидат за градоначалник, а јавно изнесе и делови од својата програма, која ја објавува етапно.
Интересот за познатиот адвокат се покажа како голем, а интервјуто една седмица беше во топ 3 најчитани вести на порталот.
Мишел Наумоски има голем круг на луѓе и надвор од ВМРО-ДПМНЕ, во партијата опонент СДСМ, како и во бизнис заедницата. Тој со неговиот брат Антонио кој е познат во здравствениот сектор во Охрид, како многу чест помагател на изнемоштени и социјално необезбедени семејства, се многу добро прифатени во бизнис заедницата не само во Охрид, туку и во земјава.
Посебно интересно за нив е тоа што се отворени, прецизни во своите планови, директни и искрени. Заедничо за браќата Наумоски е тоа што Охрид и охриѓани се приоритет. Многупати за интересот на градот вложуваат приватни средства и искористуваат пријатели, а скромноста оди до таму што и кога ќе ги прашаме за некои акции, одговорот е идентичен, „Се за граѓаните на Охрид“.
