Во петок на 01.02 во посета на општина Охрид ќе престојува премиерот на Р Македонија Зоран Заев, потврдуваат за Скопје1 извори од кабинетот на премиерот. Премиерот ќе оствари средба со в.д градоначалникот Константин Георгиевски, но и со раководството на фабриката Костал, која воедно и ќе ја посети.
Премиерот ќе се сретне и со партиското раководство на СДСМ во Охрид, но и ќе присуствува на трибината „Силна економија – шанса за сите“ која ќе се одржи во центарот за култура Григор Прличев од 12:00 до 14:00 часот.
Трибините низ земјава Владата ги започна на 26 јануари, а како што велат преку нив во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ