Беда, со 1.600 денари можеше да се јаде четири дена, а сега само ручек, реагира Тасевски и бара келнерите на премиерот да го посинат
Актерот Сашо Тасевски сведочи за поскапувањето на продуктите за јадење низ маркетите. Тој посочува дека пред шест години, со 1600 денари можело да се купи храна за четири дена, а сега, само за еден оброк.
Сега се вратив од маркет. Ова на сликава чини 1600 денари. Истото пред три месеци чинеше 1300 денари. Што правите со цениве бе? У време на Груевски со 1600 денари можеше храна за четири дена да купиш по три оброка. Сега имаш за еден ручек и трипати да доручкуваат пет луѓе. Ееееј цело лето има луѓе само еднаш лубеница пробале. Кога било ова порано? Лубеница да не пробаш“, пишува Тасевски.
„Ова е вашата земја социјалдемократи. Беда. Маричиќ ти ова на сликава за ужинка го јадеш. Таче прашај ги келнерите на Блед дали ќе не посинат и поќеркат. Тие што не се враќаат, не се враќаат“, додава тој.