Коментари

„Крадете држава, не ќебапи – за да добиете помала казна порачаа пратениците“ – новинарот Ландов за измените на КЗ

Новинарот Кристијан Ландов смета дека со промената на Кривичниот законик, за мали кражби ќе се судат поголеми казни, отколку кога функционер ќе направи штета на државата. Тој тврди дека станува збор за договор, со цел, да го вратат експремиерот Никола Груевски.

„И сега, тој што ќе украде кебапи ќе лежи две-три години, а тој што ќе испокраде држава ќе добие една година (читај ниедна). Е сеа, утеха е што кај нас се застарува или најголемите криминалци се спогодуваат, па така што не знам што се мачеа да менуваат Кривичен. Заменик-министерката предложи, 48 пратеници порачаа: Крадете држава, не ќебапи“, напиша Ландов.

Тој додаде: Сценариото е да го вратат Груевски. Ама не легалистички/правно, туку со договор. Измените на Кривичен законик се само параван и дел од договорот. И се истите од 2018 година, кога преговараа Мицкоски-Заев. И ќе се донесат сега, кога СДСМ си истераа куп кампањи како нема амнестија за криминалот, кога се фалеа преку соопштенија колку се јаки по секоја пресуда за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Откако на Јанакиески му правеа “вади-стави” во ќелија, а Јанкулоска ја казнуваа и бесправно држеа да не си го види детето (сѐ до пред некој месец). Секако, бенефит ќе видат и функционери на СДСМ, оти ако ги гонат и осудат – ќе лежат помалку. Многу помалку. Е, пс. имаше и една снимка. Важна. Долу, во коментари е. Цитат: „Гордана и Миле ќе ги дадат да идат во затвор?”. Тргувате со животи“.

На почеток