Бесими се пофали, Хајредини го испокара: Хајредини: Не обезбедува Владата пари за функционерски плати, туку народот преку даноци!
Од
Објавено на
Аналаитичарот и поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини реагира на изјавата на помладиот колега Фатмир Бесими според кој Владата обезбедила 720 милиони денари за покачените функционерски плати со прераспределба на буџетските средства.
„Прво, ниедна влада не обезбедува ниту создава пари. Парите се обезбедени од даноците на народот, а за распределбата и прераспределбата одлучува Собранието;
Второ, Премиерот изјави дека Владата ќе ги корегира коефициентите за функционерските плати, со што нема потреба на другите корисници да им се кратат парите.
Трето, ако премиерот не постапи како што ветил, треба јавно да се извини пред граѓаните“ – порачува Хајредини.