Кекеновски го подучи Ахмети за Кривичниот законик, па го потсети дека 22 пати ДУИ го менувала во Собрание
Професорот Јове Кекеновски го искоемнтира телевизиското интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Кекеновски се осврна на делот со Кривичниот законик за кој Ахмети рече: „овој закон што го сменивме и припаѓа на законите на Југославија, значи дека е наследство од тогашната Југославенската Република“.
Кекеновски пишува:
„Во оваа прилика сакам да го потсетам Ахмети дека тој и ДУИ се во власта од 2002 година. Значи цели 21-22 години. Во самостојна Република Македонија Кривичниот законик за прв пат е донесен во 1996 година, па потоа се направени измени и дополни во 1999 година. Откако тој и ДУИ се во власта Кривичниот законик е изменет вкупно 27 пати ( ако добро сум избројал😊).
Овие 27 измени и дополнувања на законот се објавени во „Службен весник на Република Македонија”
П.С. Досега сите измени и дополни им ги правеа речиси истите луѓе (демек експерти) кои наликува на шнајдери. Каков „костум“ сакаа политичарите таков им кроеа. И сега од југословенско време бил законот“, напиша професорот.