Коментари

„Oва е бре веќе уметност да бидеш толку глуп“, вели Најчевска за шесте функционери кои отвораа молерисани занимални во градинка

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ги прогласи за глуперди неколкуте функционери кои промовираа молерисани занимални во градинка во Скопје. Нејзиниот став е за премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, пратениците Дарко Каевски и Моника Зајкова и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

„Е како да не ги сакаш? Кој може толку да те насмее како глупердите во власта. Некогаш мислам дека си ги заслужуваат парите што ги земаат. Па ова е бре веќе уметност да бидеш толку глуп“, напиша Најчевска.

Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, пратениците Дарко Каевски и Моника Зајкова и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска промовираа молерисани занимални во градинка во Скопје. Сите одржаа прес-конференција на која соопштија што е сработено во градинката. Станува збор за градинката „13 Ноември“ објект „Парк,“ дел од градинката „13 Ноември“. Настанот се одржа вчера.

На почеток