Коментари

Јанакиески лежи во апс и за Груевски, Мијалков, Зекири, Рашковски – доста го малтретирате и се иживувате, порача Јоци

Политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци, ја искоментира одлуката на Европскиот суд за човекови права, кој заклучи дека ексминистерот Миле Јанакиески бил во притвор, без за тоа да има доволно причини. Таа потсети дека Јанакиески и Гордана Јанкулоска седеле во притвори, иако, како што пишува, немале намера да избегаат.

„Миле Јанакиески седум години окапа по притвори, затвори и се влече по судови! Иако ниту избега, ниту имаше намера.
Власта го пушти Груевски, а ги стрпа во притвори и затвори Миле и Гоца. Во моментов, од јули е во затвор за ‘Титаник’, затоа што судот, од непознати причини – не му ја преби казната од 3,5 години со времетраење на притвори од 4,8 години. Лежи во апс и за Н.Груевски, и за С.Мијалков, и за М.Зекири, и за Д.Рашковски, за сите корупции и криминали на ДУИ и Бихаќка, и за сите кои спасија задник од ‘Рекет 1 и 2’. Легитимно е прашањето до врхушката на власта во заминување и судиите – зошто само Миле остана да лежи од цела армија криминалци на власта кои ја пљачкаат цела држава од 2015??? А, пред да излезе, во тој круг беше – и Гоца“, пишува Ивановска-Јоци.

„Чуму уште изживување врз еден од двајцата? Страшна е таа тортура која 7 години му ја приредуваат судии во време на владеење СДСМ/ДУИ, а од друга страна, овие партии како власт, сменија дури и Кривичен законик само да го ослободат и довлечкаат Груевски во земјава – најголемата битанга и главата на сите криминали. А, покрај него – и себеси однапред се ослободија кога ќе паднат од власт, а и ,,своите” во сегашноста кои беа во притвори. Во предметот ,,Титаник”, патем, Апелација одлучи сите останати обвинети да добијат условни казни, само Миле – да лежи⁉️ Оној Мартин Протуѓер, за кој никој не знае како и со што се испазари, доби условна. Еден ден не лежеше во притвор за ништо. И иако Кривичен суд денеска сака да се пере, не ги пере ни ,,персил” од црни флеки. Денешната пресуда во Стразбур е јасна – немале доволно причини ни да го притворат. Повредени му се човековите права. Ослободете го човекот, лежеше 4,8 години притвор! Доста го малтретирате и се изживувате само врз него и врз Гоца! Доста му е на цел народ од вас и ДУИ и вашето милениче, зајачицата – Н.Груевски!“, додаде таа.

На почеток