(Видео) Уште невлезен, Ковачевски го нападна Лавров: Ова не е победа на Русија, средба со нив нема да имам
Премиерот Димитар Ковачевски уште невлезен во салата „Борис Трајковски“, кажа дека првата порака која ќе ја упати од Самитот на ОБСЕ ќе биде за Русија. Тој додаде дека нема да има билатерална средба со руската делегација, а состанокот очекува да е успешен.
„Најпрво, вчера имав средба со државниот секретар на САД кој беше тука, како и со министерот за надворешни работи на Велика Британија. Треба да бидеме свесни дека секоја земја различно испраќа порака до Русија. Некои тоа го прават со нивно неприсуство, некои со присуство и со јасно искажани ставови за неоправдоноста. Истото ќе го направам и јас на првото излагање. Едно е клучно, се надевам состанокот ќе биде успешен“, кажа Ковачевски.
Пред неговото доаѓање, пристигна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Ова не е дипломатска победа на Русија, туку на ОБСЕ. Бидејќи беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Нема имам средба со Лавров“, додаде Ковачевски на влезот.