Во моментов на платото пред владата се одржува церемонија, на која се подигнува знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство.
Во првиот ред на свеченоста седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче, за кое се претпоставува дека било наменето за некогашнот претседател Бранко Црвенковски.
Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци.
Според објаснувањето на НАТО, сега сојузниците треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија според своите национални процедури.
Откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот, според процедурата, генералниот секретар на НАТО формално ја поканува земјата да му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз.