Македонија

(Видео) Традицијата во Тетово продолжи, бадникова поворка и оваа година ги преплави улиците на градот

Традицијата во Тетово продолжи, бадникова поворка и оваа година ги преплави улиците на градот. Верниците и најмладите, низ тетовските улици, пеејќи ја „Вечниот Бог“, го најавија раѓањето на Исус Христос. На светата литургија, Владиката Јосиф се обрати до присутните.

„Денес е Бадник, а зборот Бадник доаѓа од зборот бдеење, а бдеење значи да се биде на штрек, да се очекува да се случи нешто необично. А има ли нешто понеобично од тоа самиот Бог, Синот Божји, Второто Лице на Света Троица, Кој предвечно се раѓа од Отецот, заради нас луѓето и заради нашето спасение“, порача Владиката.

Додека се движеа со поворката децата учесници добија дарови од сопствениците на угостителските објекти кои пред нивните објекти подготвија празнични маси. На плоштадот настапија детскиот хор „Лале“ со диригентот Теодора Ветеровска како и триото Нејмлес.

Во Тетово бадникова поворка за првпат се одржа во 2017 година.

На почеток