Обвинител од Вишо му се смилувал, Апелација го пушти Беким Незири од ДУИ на слобода, покрај упадот во М-НАВ
Беким Незири од ДУИ кој упадна во М-НАВ од слобода ќе докажува дека нема вина, оти Вишо обвинителство дало предлог да му се уважи жалбата, а Апелација така постапи и му го укина куќниот притвор. Тој заедно со уште едно лице се единствени од осумте осомночени кои се на слобода.
“Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека постапувајќи по жалбите на осомничените А. Р и Б. Н двајцата од Скопје, во предметите КСЖ 63/24 и КСЖ.бр.59/24, донесе Решенија со кои жалбите на осомничените ги уважи, а решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените.