За албанската опозиција ДУИ го турка Законот за игри на среќа и со европско и со сицилијанско знаменце, Пендаровски е должен да го потпише доколку и во вториот обид Законот биде изгласан
Албанската опозиција е против повторното изгласување на Законот за игри на среќа. Изет Меџити, пратеник и лидер на Демократско движење, изјави дека со Законот за игри на среќа предложен од ДУИ, казина ќе може да се најдат и во училишните дворови.
Коалицијата Вреди ќе каже стоп на овој предлог, кој ДУИ се обидува да го помине еднаш со европското знаме и еднаш со „сицилијанско“ знаме.Какви тајни крие овој предложен закон еднаш замаскиран со европско и еднаш со знамето на „Сицилија“, покажува членот 10 во кој се бара отстранување на обложувалниците, но не и на казината.
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми ја демантира опозициската коалиција и вели дека интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.
Барањето на ДУИ, рече Адеми, било отстранување на објектите на 1.000 метри од средните и основните училишта, но како што рече, за обезбедување на консензус во законодавниот дом, тие прифатиле одредба каде што е предвидено 500 метри дистанца.
Првиот пат по изгласувањето, Указот не го потпиша претседателот Пендаровски. Законот, доколку по второто гласање го добие потребното мнозинство, во тој случај, според Уставот, шефот на државата е должен да го потпише.