Ванковска и Јакимовски на стартната линија кон Водно – кандидатката на Левица предничи во потписи
На Билјана Ванковска од Левица и недостасуваат уште 278 потписи за да влезе во претседателската трка, на Стевчо Јакимовски од ГРОМ му недостасуваат уште 735 потписи. Тие се и последните двајца кои се очекува да влезат во изборната трка за претседател на Македонија, заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјаноска-Давкова, Стево Пендаровски.
Останатите претенденти имаат од стотина до илјада потписи. Вело Марковски има 1196, Зорица Цветковска од „Десна“ има 148 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1160 потписи, Ѓорѓи Манасков има 360 потписи, Господин Попоски има 86 потиси. Ова го покажува пресекот на ДИК, согласно евиденцијата до вчеравечер.
Потписи ќе се собираат до 8 март.