Македонија

Двајца имаат по нула потписи за да влезат во претседателската трка

Новиот претендент за да влезе во претседателската трка, Гоце Ристов, уште нема собрано ниту еден потпис. Заедно со него, нема ниту Томе Николоски, за кој низ медиумите се зборуваше дека се откажал од идејата да собира потписи, но и натаму е на табелата на Државната изборна комисија. За Ристов не се знае ништо, бидејќи тој нема комуникација со медиумите, ниту пак, има јавна-страница каде може да се види дека се само-промовоира.

Истовремено, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ останува на врвот на листата со собрани 28.086 потписи, повеќе од сите останати. По неа е Стево Пендаровски од СДСМ со 22.411 потписи.

Потребниот број на потписи го собраа и Билјана Ванковска, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари.

На почеток