Македонија

(Фото) Тошковски беше кај полицаец во Кратово кој остана кров над глава, а тој за гестот напиша: Учете од него!

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го посети полицаецот Зоран Стојановски во Кратово, кому пред неколку дена до темел му изгоре домот. Тошковски ги повика колегите да помогнат, бидејќи солидарноста е карактеристика на полициските службеници.

„Денеска во Кратово го посетив колегата Зоран Стојановски на кого пред неколку дена во пожар целосно му изгоре семејната куќа. Во пожарот тој и неговото семејство го изгубија сето она што целиот свој живот го градел со својата полициска плата, а покрај изгубениот дом нарушена е и нивната животна егзистенција. Го уверив дека во овие моменти не е сам и дека ќе сторам сè што е потребно во рамки на моите можности со цел да се излезе во пресрет на неговите потреби во овие тешки моменти. Солидарноста отсекогаш била карактеристика на полициските службеници и во таа насока испратив телеграма до сите вработени во министерството за внатрешни работи со која ги повикав на доброволна основа да донираат средства кои во овие моменти се неопходни за нашиот колега да го обнови својот дом. Во оваа прилика ги повикувам сите хумани граѓани во рамки на своите можности да помогнат и да донираат средства на следната трансакциска сметка: 300007082346687, Комерцијална банка, Зоран Стојановски“, напиша Тошковски.

По посетата, полицаецот Стојановски напиша: „Досегашни, претходни, минати и идни министри, учете од овој голем човек, што значи да бидеш министер за сите вработени, а не по лично профитерство и политиканство“ и се заблагодари за посетата.

На почеток