Tепачка во најголемиот затвор во Грција: Се сомневаат дека има мртви
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Кривична против двајца затворски полицајци од Струмица, му овозможиле на осуденик да излезе од затворот](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Кривична-против-двајца-затворски-полицајци-од-Струмица-му-овозможиле-на.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Засега не се знае како дошло до тепачката, ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.
Грчките медиуми јавуваат дека „тензијата се уште трае“ и дека чуварите не можат да се приближат.
На местото на настанот се испратени екипи на итната помош.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)