Македонија

Убиецот не се знае се уште, земен е видео надзор за да се најде – детали за убиството во Тетово

Тетовското обвинителство работи на расчистување на вчерашното убиство, уверуваат оттаму. Досега не е откриен сторителот.

„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител“, велат од Обвинителство.

Убиството се случило после населбата Мема. Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница.

Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

На почеток