Македонија

ВЛЕН: ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот

ВЛЕН испрати соопштение во кое посочуваат дека октоподот на криминалот и корупцијата, ДУИ и нејзините сателити, кои, како што велат коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.

,,На опозициската ДУИ ѝ е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите! Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и на граѓаните, особено на Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“, стои во соопштението на ВЛЕН.

ДУИ, посочуваат има полна уста со лажен патриотизам во опозицијата, но ги потсетуваат на криминалите:

,,Нема да дозволиме нивните скандали да бидат заборавени. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради империја за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, заедно со неговиот син, се одмора во суперлуксузните хотели во Турција, каде една ноќ чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравина за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со огномет.

Блерант Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правниот испит пред да дипломира, а потоа станал обвинител. Да не зборуваме за Лотаријата и игрите на среќа во режија на Запарим Бајрами и Артан Груб кои ги зафатија нашите маала. Очекуваме органите на прогонот да ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните и да ја вратат вербата во владеењето на правото“, обвинува ВЛЕН.

На почеток