По петти пат Арсовска смени директор во Водовод: приватизираниот Град не кажува зошто
Градоначалничката Данела Арсовска по петти пат во нејзиниот мандат го менува директорот на „Водовод и канализација“, дознава „Скопје1“. По Виктор Панчевски на кого вчера му истече мандатот како в.д. директор, назначен е нов в.д. директор.
„Скопје1“ ја праша Арсовска зошто пак менува директор на претпријатието, а оттаму, не очекуваме одговор, со оглед дека таа градот го приватизираше и не дава отчет никому.
Претходно, Арсовска го разреши Драган Илиевски додека тој беше на боледување. Панчевски го наследи на 6-ти февруари. По доаѓањето на функцијата градоначалник, Арсовска го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски. На негово место го стави Марјан Митовски, по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Илиевски, кој претходно беше в.д. во Зоолошката градина. По Илиевски, дојде Панчевски.
Ваквото менување на директори не е само во ова претпријатие. „Скопје1“ дознава дека против некои претпријатија има и тужби за незаконско разрешување на директори од страна на Арсовска.