Скопје

Галетановски ќе ја спасува ЗОО: поднел апликација за директор, и укажа на Данела дека ќе ја врати гордоста на институцијата

Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.

„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.

Тој за „Скопје1“ додава и: „Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО-Скопје од политички влијанија“.

Освен за ЗОО, Арсовска има распишано огласи за дирктори и во други претпријатија.

На почеток